Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцовките и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш!

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска го оценија како скандалозен и примитивен односот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тие велат дека пцовките и навредите за вработените се недозволиви, и бараат оставка веднаш!

„Кога крими коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен. Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги вреѓа и со најпогрдни пцовки малтретира вработените во собранието. Односот на Џафери кој може да се слушне во видео материјал објавен во медиумите е скандалозен, примитивен и целосно недозволив. Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочуваат дека Талат Џафери е пример за примитивизам и политичар кој треба да биде минато.

„Ова не смее никогаш повеќе да се повтори. Оваа аудио снимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни