СОНК и МОН на нова преговарачка средба
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска попладне треба да имаат нова средба на која ќе се разговара за процентот на зголемување на платите.
Претходно, Синдикатот соопшти дека на средбата закажана за денеска очекува да се постигне конечно усогласување на ставовите за ова прашање, како и за колективните договори за основно и средно образование и временска рамка за изработка, потпишување и нивна примена.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни