Производствените капацитети на компанијата „Брако“ се прошируваат.
Денеска се отвораат нови производствени погони во Велес, а на настанот присуствуваат и владини функционери предводени од премиерот Димитар Ковачевски.

Како што истакна проф. д-р Кочо Анѓушев, Генерален директор на „Брако“ Велес, на настанот – се работи за комплетно еколошки погон, кој не содржи киселини.

„Нова технологија, американско-шпанска технологија која е прв пат направена во Америка, а во Европа ова е прва технологија од овој тип“, објасни Анѓушев.

Според Анѓушев, во фабриката има 4-5 фабрики.

„Брако“ располага со најсовремена опрема во сите сегменти на производствениот процес, иста онаква со каква што располагаат металопреработувачките компании во развиените земји.