Македонија

Собранието остана без струја – Талат им пратил порака на пратениците да не доаѓаат

Собранието остана без струја – Талат им пратил порака на пратениците да не доаѓаат

Претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери денеска им исрпатил СМС – пораки на пратениците дека утре во Собранието не се закажани активности. Воедно ги информира дека зградата на парламентот има и проблем со струјата па и дека не работи ниту официјалниот сајт sobranie.mk

„Почитувани пратеници, ве известувам дека за утрешниот ден нема закажани активности“, гласи една од СМС – пораките.

За проблемот со струјата ни беше речено дека тоа прашање не зависи од претседателот Џафери, ниту од институцијата, туку од снабдувачот со струја. Во тој контекст е и проблемот со официјалната веб-страница.

Читај повеќе на МКД

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни