Денеска изби пожар во ресторанот на хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија, а зафатени биле дел од рецепцијата и кујната на хотелот.
10 лица се повредени, од кои две се со потешки повреди.
Лицата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија
Пожарот е локализиран.