Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше британскиот весник „Дејли мејл“, обвинувајќи го дека погрешно ја претставил неговата шега за преименување на базенот пред Меморијалниот центар на Абрахам Линколн во Вашингтон.
Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп реагираше на напис во кој неговата изјава дека базенот ќе го добие името „Трамп“ била претставена како сериозна најава.
„Дејли мејл погрешно ја разбра мојата шега на претседателската прес-конференција, на која вчера беше отворен прекрасниот базен пред Меморијалниот центар на Линколн. Се преправаа дека не се шегувам кога реков дека ќе го наречам ‘ТРАМП’“, напиша американскиот претседател.
Тој дополнително појасни дека настанот не бил негов завршен предизборен говор, како што било претставено, туку прес-конференција.
Според Трамп, завршниот говор го одржал еден ден претходно во Ајова и Канзас, пред публика од околу 50.000 луѓе.
„Ова само покажува колку се лажни вестите. Многу јасно кажав: ‘Се шегувам’. Лажните вести се толку корумпирани!“, порача Трамп.
Неговата реакција следува по медиумските објави за изјавата поврзана со именувањето на базенот, за која тој инсистира дека била кажана исклучиво во шеговит контекст.