Македонија

Попладнево не очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Денес и утре во попладневните часови на повеќе места, особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Во делови од Скопската Котлина денес и утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни