Македонија

Заев: Веќе сме во сериозни контакти со светски компании коишто се заинтересирани за инвестирање во регионот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со помошник генералниот секретар на НАТО за разузнавање и безбедност Арнд Лорингхофер.

На средбата е пренесена поддршка од сите земји на НАТО, на премиерот Заев, на Владата и на нашата држава, во финалните чекори за членство во НАТО, со надеж дека Република Македонија ќе биде 30-та земја членка на Алијансата.

-Членството на Република Македонија во НАТО ќе има позитивен импакт за нашата земја, но и во целиот регион, затоа што носи стабилност. Тоа ќе влијае и на развој на економијата, бидејќи инвеститорите пред се тргнуваат од стабилноста кога одлучуваат каде ќе вложуваат. Веќе сме во сериозни контакти со светски познати компании коишто се заинтересирани за инвестирање во регионот и имаме позитивни сигнали дека во Република Македонија гледаат сериозни потенцијални можности, поради отворените НАТО перспективи, рече премиерот Заев.

Високиот претставник на НАТО, Лорингхофер, изрази благодарност за придонесот на нашата држава во мировните мисии и растечкото учество на војници на АРМ во мисиите во Авганистан.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни