Македонија

Девојка без документи скриена во багажник откриена на ГП Блаце

На граничниот премин Блаце, за влез во државата се пријавил македонски автомобил управуван од македонски државјанин, кој одбивал да одговори на прашањата на царинските службеници и не дозволувал да се изврши контрола на возилото. Со асистенција на полициските службеници од граничниот премин, била извршена контрола на возилото, при што во багажникот била пронајдена девојка на возраст од околу 20 години без документи за лична идентификација. Случајот е предаден на полициските службеници за понатамошна постапка.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни