Македонија

Ни трага од загубениот авион, спасувачите не очекуваат преживеани

Дваесетина часа трае потрагата по изгубениот авион во кој се превезувал аргентинскиот фудбалер Емилиано Сала. Тој од Нант летал кон Кардиф каде што требало да се јави во својот нов клуб во кој потпиша пред неколку дена и тоа за сума од 17 милиони евра.

Спасувачите и натаму со хеликоптери и со бродови го пребаруваат местото каде што се претпоставува дека авионот го загубил сигналот со контролата на летање над англискиот канал кој ги спојува Франција и Обединетото Кралство.

Навивачи на Премиер-лигашот Кардиф и положуваат цвеќиња, и покрај тоа што официјално нема информации за загубениот авион. Заедно со фудбалерот бил и пилотот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни