СДСМ почна да го мери „пулсот“ на граѓаните, за потенцијалниот кандидат за Претседател на државата. Самиот премиер, Зоран Заев, призна дека прават анализи и испитувања за да го видат рејтингот на потенцијални кандидати за Претседател.
Досега, имињата на СДСМ за можни кандидати за Претседател на државата, се министрите Оливер Спасовски, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, како и Стево Пендаровски и Мухамед Зекири. Меѓутоа ниту едно име се уште не е потврдено. Процедурите за номинација во СДСМ се очекува да започнат в петок на состанокот на Централниот Одбор на партијата. Откако ќе заврши дискусијата во СДСМ и со коалициските партнери, Премиерот додаде дека доколку има сериозни одлуки за кандидат, преговори може да започне и со опозициските партии. Додека Заев прави калкулации за следниот кандидат, конкурсот за кандидати на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе трае до 31 јануари.
Од опозициската партија не сакаат да откријат колку лица до денеска поднеле кандидатура, за да влезат во трка за Претседател. Стоилковски вели дека бројката може да се дознае дури откако конкурсот ќе биде затворен. Од партијата на Мицкоски и понатаму бараат предвремени парламентарни избори, кои би се одржале во април, заедно со претседателските. Ова барање на ВМРО-ДПМНЕ, Премиерот рече дека ќе се разгледа в петок на состанокот на Централниот Одбор на СДСМ. Меѓутоа го повтори ставот дека се против предвремени избори, бидејќи според него, нивното одржување ќе му наштети на процесот на интеграција и на реформите во Македонија.
Репортер: Бесир Арифи