Македонија

Жестока дебата во „Клик Плус“ – Кој го попречува развојот на Попова Шапка?

Жестока дебата во „Клик Плус“ меѓу заменик директорот на ЕЛЕМ, Фатмир Лимани и Хамди Сулејмани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“. Лимани тврди дека изградбата на жичарата започнала, меѓутоа како што вели, била стопирана од Министерството за животна средина. Сулејмани пак, го демантираше ваквото тврдење, велејќи дека главниот столб бил поставен врз изворот од кој Тетово се снабдува со вода.

– 3-4 години ја чекавме дозволата за главниот столб од општина Тетово, а потоа уследи и 3-4 годишна блокада и од Министерството за животна средина, два субјекти управувани од Албанци – вели Лимани.

-Министерството за животна средина ви го прекина проектот, бидејќи вие направивте еколошка катастрофа. Тоа копање за монтирање на првиот столб, не Министерството, туку вие требаше да ја прекинете таа градба. Дали знаете дека првиот столб го поставивте над главниот извор за вода на Тетово? – му врати Сулејмани.

Но, бизнисменот Хајрула Хасани, вели дека Попова Шапка нема проблем само со ски -патеките, туку дека оваа туристичка дестинација се соочува и со други проблеми.

-Има проблеми со паркингот, со отпадот, со сообраќајот, со угостителството. Попова Шапка во моментов има капацитет за околу 500 туристи, а во текот на викендот доаѓаат дури околу 5.000 туристи – вели Хасани.

Лимани нагласи дека во моментов во рекреативниот центар има 220 вработени, иако според него, доволни се само 50. Министерот за економија пак, Крешник Бектеши, вети дека патот Тетово -Попова Шапка во должина од 15км ќе започне да се гради во мај, а ќе заврши во септември или октомври оваа година.

Репортер: Арменд Абази

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни