Македонија

Последниците допрва ќе ги чувствуваме: Загадениот воздух – една од причините за малигни заболувања

Загадениот воздух може да влијае на порано созревање на постелката кај трудниците според повеќе испитувања. Најризично  е првото тромесечие кога се оформуваат органите на бебето. Трудницата и воопшто да не пуши цигари, со аерозагадувањето како да пуши од 10 до 15 цигари дневно. Умерена физичка активност, чист воздух, планина и да не присуствувата во загадени простории препорачува гинекологот д-р Адела Стефанија.

– Самото влијание на загадениот воздух како фактор кој што може да предизвика предвремено породување, спонтан абортус, или може да биде поврзано со одредени аномалии на плодот. Но, сепак тоа не е докажано знаеме дека сите што сме изложени на загадениот воздух имаме проблеми – вели д-р Стефанија.

Во моментов во болницата во Козле хоспитализирани се 74 пациенти, а најчеста причина е грипот како што вели за Т21 директорот Андоновски. Нема  нови пациенти поради загаденоста, најверојатно поради тоа што децата се на распуст, па успеале да избегаат во планина.

-Тоа е микроделување на белодробието.Се прави една хемиска реакција на белите дробови. каде за кревките белодробни крила на нашите дечиња  настанува проблем. Обично тоа се бронхиолити, бронхопневмонии, бронхити кои перзистираат одреден времнски период. Со самото навикнување на таа дразба доаѓа и до намалување на симптоматологијата кај овие пациенти – вели Андоновски.

Исполнет е  капациетот на иститутот за белодробни заболувања. Амбулатно доаѓаат 60 до 70 пациенти, хоспитализирани се 37 , а бројот на оние со акутни респираторни инфекции е  15-тина дневно, најчесто на возраст од 50-70 години. Аерозагадувањето предизвикува заболување не само на дишни патишта, туку и кардиоваскуларни. Голема палета  на заболувања се предизвикани од аерозагадувањето: алергиски реакции, воспаленија, пневмонии, влошување на хроничната опструктивна болест,објаснува др. Поповска од институтот за Белодробни заболувања.

-Мора да кажеме дека последиците се  и  подолготрајни, подолгорочни, токму затоа што оние  хронични заболувања или малигни заболувања, тие ќе се јават односно ќе се покаже  нивниот број во наредниот период, а аерозагадувањето како една причина во создавањето на тие процеси во човечкиот организам – вели Билјана Илиевска Поповска.

Повеќе од 3.000 лица годишно умираат како резултат на загадениот воздух во Македонија, предупредува Европската агенција за животна средина,  во последниот европскиот извештај за квалитетот на воздухот.Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и е во врвот по бројот на смртни случаи по глава на жител, покрај Косово, Србија, Унгарија и Бугарија. Според Светската здравствена организација, смртноста од последици од загадениот воздух во Македонија е над 125 лица на 100.000 жители, повеќе од двојно повисока од европскиот просек, кој е 60 прерани смртни случаи годишно на 100.000 жители.

Репортерка: Александра Велинова

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни