Македонија

Ќе нема двојни цени за паркинг места, Шилегов: На Скопје му треба унифицирање на паркинг зоните

Јавниот транспорт повторно ќе се плаќа. Бесплатниот јавен транспорт траеше само два дена. По сторијата на ТВ21 во врска со цената на паркинг местата во општина Центар, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, изјави дека во следните мерки, паркинзите кои имаат посебна важност за граѓаните, конкретно во околината на Клинички центар, цената нема да биде двојно поскапа.

Оваа изјава на Шилегов следи откако вчера директорот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“, Васко Кичевски, во изјава за ТВ21 извести дека тие како претпријатие ја чекаат одлуката на Општина Центар и не преземале никаква мерка за поскапување на паркинг местата.

Шилегов изјави дека е во разговори со Општина Центар за унифицирање на паркинзите, политиката на паркирање, посебно во централниот дел од градот, зона во која има најголем сообраќаен хаос.

Репортер: Мевљудин Имери

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни