Засега нема никакви забрани по патиштата во Македонија, но од АМСМ апелираат на внимателно возење затоа што сообраќајот се одвива главно по влажни коловози, а на некои места има и снег. На превојот Стража има намалена видливост поради магла.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово, Крушево и на планинските превои Стража и Буково. На патниот правец Крива Паланка – г.п. Ќафасан врнежите се од дожд и снег.
Намалена видливост поради појава на магла од 20 -50 метри има на планинскиот превој Стража“, велат од АМСМ.