Опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Заев и неговата партија СДСМ не исполнија ништо од ветеното, и се плашат од граѓаните, што е единствената причина зошто бегаат од избори.
„СДСМ и Заев не реализираа ниту една реформа изминативе две години. Две години државата тоне во корупција, економијата стагнира, капитални инвестиции нема, здравството пропаѓа, а образованието е на колена.
Две години се реализира општ грабеж во сите сфери со апсурдно оправдување дека дури и најнискиот функционер на СДСМ бил фокусиран на преговорите со Грција.
Со влегување во кампања за избор на Претседател на Република Македонија, нема да функционира Собранието, а партиите ќе се фокусираат на промоцијата на кандидатите.
Затоа, апсурдно е оправдувањето на Заев дека не треба да се оди и на предвремени парламентарни избори заради наводни реформи.
Замерки од нашите меѓународни партнери може да има само доколку Заев се обиде да направи уште еден изборен фалсификат како кражбата на референдумските гласови.
Вистината е дека СДСМ и Зоран Заев се плашат од граѓаните и бегаат од избори затоа што знаат дека ќе изгубат. Власта се плаши од граѓаните затоа што донесе противуставен закон за двојазичност и спротивно на волјата на граѓаните го промени името на државата.
Зоран Заев десетина дена избега на луксузно зимување во Германија за да не распише избори. Сега откако се врати на сите можни начини бега од избори. Република Македонија со СДСМ на власт веќе две години е на дното. СДСМ се што вети излажа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.