Македонија

МЖСПП: Мерната станица за квалитет на воздухот во Тетово е во функција

МЖСПП: Мерната станица за квалитет на воздухот во Тетово е во функција

Мерната станица во Тетово е во функција и го мониторира квалитетот на воздухот, но податоците не се видливи на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) заради проблеми со серверот. Податоците од оваа мерна станица се достапни на мобилната апликација AirCare, информира МЖСПП.

-Во моментот само податоците за концентрацијата на СО не се гледаат од причина што во мерната станица имало прекин на струјата и потребно е време да се поткрене системот. Очекуваме да бидат достапни за два до три часа, порачуваат од МЖСПП.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни