Свет

Најмалку тројца загинати при воздушен напад врз Словјанск

Гувернерот на областа Доњецк, Павло Кириленко соопшти за нов воздушен напад на руските сили врз Словјанск.

При нападот, загинаа три лица, а повредени се шестмина. Оштетени се една училишна зграда и повеќе облакодери. Се претпоставува дека бројот на жртвите најверојатно е поголем.

Под континуирано бомбардирање е Северодонецк, според Регионалниот гувернер на Луганск, Сергеј Хајдај изјави дека Северодонецк е под континуирано бомбардирање. Ситуацијата во градот „останува многу тешка“.

– Борбата продолжува, истакна Хајдај.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни