Македонија

ВИДЕО: Ништо не остана од автомобилот, брачен пар загина

ВИДЕО: Ништо не остана од автомобилот, брачен пар загина

На 31.05.2022 околу 23.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“, управувано од Г.П.(68) од Штип и патничко возило „опел астра“, управувано од Д.Ш.(19) од Штип, двете со штипски регистарски ознаки.

На местото на несреќата, од здобиените повреди починале возачот на возилото „југо“ и неговата сопатничка Ј.П.(62) од Штип, додека возачот на возилото „опел астра“ се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни