Македонија

Османи од САД: Сите правиме максимални напори да се обезбеди предлог за кревање на ветото

Османи од САД: Сите правиме максимални напори да се обезбеди предлог за кревање на ветото

Министерот за надворешнира работи Бујар Османи преку објава на Фејсбук од САД вели дека на ниво на министерствата во Скопје и Софија се разговара за надминување на разликите за време на Француското претседателство.

„Јас сум во редовна комуникација со Министерската за надворешни работи на Бугарија, со цел да обезбедиме засилување на разговорите во престојниот период, на сите нивоа меѓу двете министерства, во насока на надминување на разликите за време на Француското претседателство“, напиша Османи.

Тој додава дека постојат бројни иницијативи од меѓународни партнери и од Франција како актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

„Сите инволвирани страни во процесот даваат максимални напори да се обезбеди предлог на маса кој ќе го крене ветото за нашите европски интеграции, кое воедно би било во согласност со позициите на кои Владата се обврза преку декларацијата во Собранието“, напиша Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни