Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за операции и координација во ЦУК, Горан Стојановски, оствари работна посета на Транзитниот центар за мигранти ,,Винојуг” кај Гевгелија.
Ангелов изврши обиколка на транзитниот центар за мигранти и се сретна со присутните претставници на Полицијата, Армијата, Црвениот крст, Интернационалната организација за мигранти и од други ангажирани институции.
Од страна на раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Гевгелија, Зоран Лазаровски, беше запознат со досегашната состојба и работа на Транзитниот центар и насоките за работа за претстојниот летен период.