16-годишно момче било погодено од струен удар во Пловдив, Бугарија соопшти полицијата.
Според информациите, неколку момчиња влегле на територијата на „Сточна Гара“ и едно од нив се качило на вагон, најверојатно со намера да направи селфи со мобилен телефон.
Од струен удар тинејџерот бил соборен на земја и пренесен во болница. Други жртви нема.
Поради несреќата возовите не сообраќале според распоредот и имало застои.