Македонија

Утре повторно многу топло време – попладне пороен дожд и грмежи

Утре повторно многу топло време – попладне пороен дожд и грмежи

И утре ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град.

Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Температурата ќе биде во опаѓање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни