Македонија

МНР: Најостро го осудуваме намерното палење на влезот на здружението Иван Мијалов во Битола

МНР: Најостро го осудуваме намерното палење на влезот на здружението Иван Мијалов во Битола

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.
Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина.

Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни