Македонија

Османи со осуда за палењето на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола

Османи со осуда за палењето на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска изјави дека најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението Иван Михајлов во Битола.

Според Османи, ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина.

-Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија, изјави денеска Османи.

Тој ги повика надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни