Македонија

Од утре нестабилно и посвежо, со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Од утре нестабилно и посвежо, со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Од утре времето ќе биде променливо и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Како што најавува УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град.

И во Скопје ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Утре минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 33. Останатите денови од неделата дневните темпратури ќе бидат во интервал од 23 до 32 степена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни