Моментална состојба на електрични празнења над Македонија:
Нестабилна облачна маса има во Полошкиот регион и западната периферија на Скопската Котлина, потоа во Пелагонија.
Најинтензивната маса во моментов се спушта од север накај Кумановскиот регион.
Во текот на оваа работна седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до петок ќе биде во опаѓање.
И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно (освен утре), со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.