Свет

Германците беа принудени да ги намалат оброците

Германците беа принудени да ги намалат оброците

Поради растот на цените, 16 отсто од Германците се откажуваат од редовните оброци, а уште 13 отсто размислуваат да го сторат истото – доколку инфлацијата продолжи да расте.

68 отсто од испитаниците во истражувањето на ИНСА не се подготвени да ги намалат оброците. Сепак, 32 отсто од учесниците со нето приход на домаќинството помал од 1.000 евра на истото прашање одговориле потврдно, објави Билд во петокот.

Од сите испитаници, 41 отсто купуваат во поевтини супермаркети, додека 42 отсто готват поштедливо, на пример, откажувајќи се од месо и риба.

Инфлацијата во Германија во мај порасна на 7,9 отсто, додека цените на храната скокнаа за повеќе од 11 отсто за една година. Приближно висока инфлација последен пат беше во Западна Германија во зимата 1973/1974 година.

Инфлацијата е поттикната од зголемените цени на енергијата поради војната во Украина, како и поскапите суровини и проблемите во синџирите на снабдување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни