Македонија

Фирма од Валандово под истрага на Финансиската полиција: Со пенали од 233,7 милиони денари го оптовариле имотот на фирма

Фирма од Валандово под истрага на Финансиската полиција: Со пенали од 233,7 милиони денари го оптовариле имотот на фирма

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес против две лица и едно правно лице поради сомнение за намерно предизвикување стечај со цел избегнување на обврските кон доверителите.

Пријавата се однесува на А.К., сопственик и управител на фирма од Валандово, на самата фирма, како и на Ј.Т., управител на друга фирма од Дојран.

Според Финансиската полиција, постојат основи на сомнение дека А.К. во периодот од 2020 до 2023 година преземал дејствија за привидно прикажување финансиска немоќ на фирмата, со намера да ја оневозможи наплатата на долговите. Најголемиот дел од обврските биле кон странско правно лице, во износ од 289.617.022 денари, како и кон Управата за јавни приходи, во износ од 883.283 денари.

Од Управата наведуваат дека А.К. склучил договор за закуп со друго правно лице со кое исто така управувал. Според наводите во пријавата, договорот не бил реализиран ниту сметководствено евидентиран, но по неговото еднострано раскинување во 2023 година биле евидентирани пенали од 233.700.000 денари. Врз таа основа бил запишан товар врз имотот на друштвото.

По приговор од доверителите, Основниот граѓански суд Скопје издал времена мерка со која било запрено извршувањето.

Финансиската полиција се сомнева дека, откако не успеал да го отуѓи недвижниот имот, А.К., со помош на Ј.Т., презел дополнителни дејствија за предизвикување стечај. Притоа биле префрлени четири милиони денари врз основа на позајмица. Според соопштението, овие средства претходно биле примени од правно лице основано од сопругата на А.К., по што бил поднесен предлог за отворање стечајна постапка против друштвото.

Кривичната пријава е поднесена за делото „Намерно предизвикување стечај“ од член 254 од Кривичниот законик, наведуваат од Управата за финансиска полиција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни