Македонија

Ловечка пушка, примки и 13 килограми месо од срндак пронајдени при претрес во Кавадарци

Ловечка пушка, примки и 13 килограми месо од срндак пронајдени при претрес во Кавадарци

Ловечка пушка, ловечки патрони, средства за недозволен лов и околу 13 килограми месо од срндак биле пронајдени при полициски претреси во Кавадарци и околината. Во врска со случајот, полицијата лишила од слобода 69-годишен кавадарчанец.

Како што информираат од полицијата, на 26 октомври околу 15 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, како и од ОВР Кавадарци, го привеле Ј.П. (69) од Кавадарци.

По претходно добиени сознанија и преземени мерки, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд-куќа и помошните простории на местото викано „Васов град“, во кавадаречко, како и во домот во кој живее во Кавадарци.

При претресот на викенд-куќата, лицето доброволно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов – примки. На една од примките биле пронајдени и остатоци од биолошки траги.

За случајот бил известен јавен обвинител. По целосното расчистување и документирање, против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави за „незаконит лов“ по член 228 и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни