Свет

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди провинцијата Ван во источна Турција, која граничи со Иран.

Засега нема податоци за жртви или повредени, објави турското Министерство за здравство на Твитер.

Според турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот бил на длабочина од 18,6 километри, а се случил во 21:35 часот, пренесува АП.

Гувернерот на Ван Озан Балџи изјави за Анадолија дека по земјотресот не се добиени „негативни извештаи“, но дека екипите за итни случаи работат на идентификување на потенцијалната штета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни