Руските сили го кренаа во воздух мостот што го поврзува украинскиот град Северодонецк со градот од другата страна на реката, прекинувајќи една можна рута за евакуација на цивили.
Северодонецк стана епицентар на битката за контрола на регионот Донбас во Украина, забележува агенцијата. Делови од градот се уништени во некои од најкрвавите борби по инвазијата на Кремљ на 24 февруари.
Борбите се водат „на секој метар“ од градот, објави доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руските сили зазедоа голем дел од градот, но украинските војници продолжуваат да контролираат индустриска зона и хемиска фабрика каде, според Киев, се кријат најмалку 800 цивили. Компанијата е подложена на постојани удари, според украинските власти.