Македонија

СДСМ: Граѓаните не го поддржаа митингот на ВМРО-ДПМНЕ, слаба посетеност и слаба организација

СДСМ: Граѓаните не го поддржаа митингот на ВМРО-ДПМНЕ, слаба посетеност и слаба организација

Од СДСМ велат дека помпезно најавуваниот протест на ВМРО-ДПМНЕ издиша, односно граѓаните можат да видат слаба посетеност и слаба организација.

„Наместо масовен протест како што најавуваше ВМРО-ДПМНЕ денеска пред владата дојдоа соработниците на Мицкоски и партиски вработените кадри во општините раководени од градоначлници на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните во градовите во внатрешноста сведочат на откажани автобуси и комбиња за организиран превоз за што доказ се бројните видеа и фотографии објавени во медиумите и по социјалните мрежи“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоси знае само да брани криминал и да носи штета на државата, затоа денеска како и многу пати претходно ја нема поддршката на граѓаните.

„Граѓаните на Скопје, но и ширум државата, не го поддржаа Христијан Мицкоски и тоа е факт со којшто ќе мора да се соочи“, порачуваат од СДСМ. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни