Македонија

Опожарено поранешното училиште во кумановското село Винце

Објектот на поранешното училиште во кумановското село Винце вчера е опожарен. Од Регионалниот центар за управување со кризи денеска информираа дека пожарот избувнал во 18 часот во училиштето кое не функционира 40 години.

Според податоците на РЦУК Куманово, пожарот првин го гаселе четворица пожарникари со едно возило, а дополнително во 20:40 часот е пратено уште едно возило.

Пожарот целосно е изгаснат 45 минути по полноќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни