Македонија

Дома криел 45 мигранти – приведен 41-годишен маж од Куманово

Полицијата го приведе 41-годишниот У.Ф. од Куманово поради криумчарење на мигарнти.

При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени 45 лица – мигранти, од кои 44 од Пакистан и еден од Индија.

Во друг случај синоќа на автопатот Гевгелија – Скопје, приведени се Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес. При преглед во товарно возило „ситроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија.

Мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни