Свет

ВИДЕО: Ужас! Хеликоптер се сруши на авто-пат, загинаа шест лица во Америка

ВИДЕО: Ужас! Хеликоптер се сруши на авто-пат, загинаа шест лица во Америка

Хеликоптер што се користи за туристички летови се урна на автопат во американската сојузна држава Западна Вирџинија, при што загинаа шест лица, јавува Ројтерс, повикувајќи се на локални медиуми.

Хеликоптерот, кој полета од аеродромот во округот Логан, се урнал на Државниот пат 17 во средата и бил во пламен кога спасувачките екипи пристигнале на местото на настанот, јави WSAZ-TV, цитирајќи ја окружната агенција за вонредни состојби.

Државниот пат 17 се очекува да остане затворен во следните 24 часа поради истрагата спроведена на местото на несреќата од страна на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот и Федералната управа за авијација, изјави претставник на округот Логан.

Беше објавено дека се работи за хеликоптер BellUH-1B од Виетнамската војна, а повеќе детали за овој инцидент засега се непознати, јавува Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни