Најмалку 1.000 луѓе загинаа, а други 1.500 се повредени по разорниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди Авганистан. Потрагата по преживеани продолжува. Тој стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми.
Земјотресот го погоди источен Авганистан, а првите извештаи сугерираат дека земјотресот би можел да биде еден од најсмртоносните во земјата.
Југоисточната провинција е најтешко погодена, а ОН се обидуваат да најдат и да обезбедат засолниште и храна што е можно поскоро.
Уништени се околу 2.000 домови изградени од камен и кал.
The earthquake that struck eastern Afghanistan is the country's deadliest in decades and comes at a time when the Taliban-led nation faces a hunger and economic crisis.
Aid groups are providing assistance to the impacted areas. Here are ways you can help. https://t.co/YBz51w2xTf
— CNN (@CNN) June 23, 2022
За жал, сите спасувачки мисии се отежнати поради дождот и недостатокот на средства.
Земјотресот го погодил подрачјето на околу 44 километри од градот Коста во југоисточен Авганистан, а епицентарот бил на длабочина од 51 километар. На 500 километри го почувствувале 119 милиони луѓе во Авганистан, Пакистан и Индија.
Во спасувањето на повредените и испораката на лекови и храна се вклучени и хеликоптери.
Неодамнешните дождови создадоа одрони и го отежнаа пристапот до опустошените подрачја.
„Бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми бидејќи некои села се во оддалечени планински области и ќе биде потребно извесно време за да се соберат податоци“, рече претставникот на Министерството за внатрешни работи Салахудин Ајуби.
Ужасните фотографии низ авганистанските медиуми покажуваат уништени куќи и мртви тела завиткани во ќебиња.
Ова ќе биде седми земјотрес во кој загинаа повеќе од 100 луѓе од 1991 година и е најсмртоносниот во последните 20 години.