Свет

Тридневен политически маратон на Г-7: Зеленски се вклучува онлајн

Тридневен политически маратон на Г-7: Зеленски се вклучува онлајн

Започнува тридневниот маратон на лидерите на Г-7 на Баварските Алпи. За безбедноста ќе се грижат 18.000 полицајци, медиумите од целиот свет известуваат што се случува таму.

Лидерите на 7 водечки економии во светот – Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави се седнати на преговарачка маса. Ќе присуствуваат и претставници од европските институции. Претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе се приклучи онлајн.

Поканети се и лидерите на Индија, Јужна Африка, Индонезија, Аргентина и Сенегал.

Канцеларот Олаф Шолц, кој е домаќин на состанокот, во последниве недели постојано изјави дека глобалниот Запад мора да се обедини, бидејќи тоа е еден од можните одговори на режими како оние на Владимир Путин.

И иако две од поканетите земји, како Јужна Африка и Индија, дури и не поддржуваат санкции против Русија, Шолц смета дека тоа може да се промени на состанокот.

Важни теми се војната во Украина и нејзините последици, како што се зголемената инфлација, енергетската криза, извозот на жито.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни