Четири експлозии се слушнале во неделата рано наутро во Киев, погоден е станбен комплекс во близина на центарот на градот, предизвикувајќи пожар и ослободување на голем облак од сив чад, пренесе АФП.
Експлозиите се случиле околу 6:30 часот, а нема информации за жртви.
Информацијата за експлозиите ја потврди и градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко. Тој напиша за тоа на својата страница во Телеграм, информира UNIAN.
Тој објасни дека експлозиите се слушнале во областа Шевченко и додаде дека лекарите и спасувачите веќе пристигнале на местото на настанот. Кличко рече дека специјалисти ги евакуираат луѓето од две куќи.