Свет

Шпанскиот министер за надворешни работи: Пристапувањето на Украина во НАТО никогаш не било разговарано

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарез изјави денеска дека во Алијансата никогаш не се разговарало за прием на Украина во НАТО.

Според шефот на шпанската дипломатија, НАТО има позитивен став за влезот на Шведска и Финска во Алијансата, но Украина не се смета за кандидат.

„За тоа не се разговара. Ова никогаш не било на преговарачка маса, не се разговара ниту сега“, изјави Албарез за шпанскиот весник „Ел Паис“, а пренесува агенцијата РИА Новости.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни