Кремљ во неколку наврати изјави дека нема основа за банкрот на државата
Русија за првпат по болшевичката револуција пред еден век се соочува со неисполнување на обврските или неплаќање на државниот долг.
Сопствениците на обврзници рекоа дека до утрово не добиле задоцнета камата, откако рокот истече синоќа.
Кремљ во неколку наврати изјави дека нема основа за банкрот на Русија. Руските власти нагласуваат дека се во можност да ги испратат парите поради обврзниците, но тоа е невозможно поради санкциите наметнати од Западот. Вообичаено големите рејтинг агенции се тие што мораат да не платат, но повторно санкциите им забрануваат да работат со Русија.