Јапонската влада денеска повика 35 милиони жители на Токио и околината да трошат помалку струја и предупреди дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде отежнато поради топлотниот бран што ја зафати земјата, јавува Би-би-си.
Министерството за економија, трговија и индустрија очекува попладнево значително да скокне потрошувачката на електрична енергија според локално време.
Се препорачува да се исклучат непотребните светла и да се користат клима уреди.
Надлежните со недели предупредуваат на можен прекин на електричната енергија поради зголемените температури.
За време на викендот температурите во центарот на Токио беа над 35 степени Целзиусови, додека во градот Исесаки, северозападно од главниот град, беа забележани рекордни 40,2 степени.
Според Би-Би-Си, за Јапонија тоа била највисоката температура забележана досега во јуни.