Наука и технологија

Имате проблем со Инстаграм? Не сте единствени, корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Имате проблем со Инстаграм? Не сте единствени, корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Од утрово корисниците на Инстаграм пријавуваат проблеми со функционирањето на мрежата и апликацијата. Некои не можат да вчитаат приказни, додека некои доцнат на пораки или воопшто не пристигнуваат.

Сајтот DownDetector, кој го следи статусот на најпопуларните онлајн услуги, утрово доби голем број пријави од корисници кои се жалат на функционирањето на мрежата.

Најголемиот број доаѓа од мобилната апликација, дури 87 отсто, додека еден дел од корисниците само пријавуваат црн екран кога ќе влезат во апликацијата.

Инстаграм сè уште не коментирал за ова прашање.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни