Конечниот предлог на француското претседателство за компромис за решавање на разликите меѓу Бугарија и Северна Македонија ги исполнува барањата на двете страни.
Ова денеска го изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и го коментираше на Твитер.
„Никогаш не сме биле толку блиски: сега е време да кажеме „да“, рече тој.
„Преговорите со бугарските и македонските власти продолжуваат до последниот момент на ротирачкото француско претседателство, кое истекува на полноќ“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на НАТО во Мадрид.
Нашиот предлог одговара на чувствителноста на двете страни, коментира Емануел Макрон.
„Претседателот и премиерот на Бугарија веќе ми потврдија дека го поддржуваат францускиот предлог. Неговото усвојување треба да напредува во наредните часови или денови од разговорите во Скопје. Оваа одлука на сите им носи сигурност, предвидливост и гаранција за надминување на разликите од минатото, што е карактеристика на европскиот дух“, додаде тој.
Скопје потврди дека предлогот е примен од француското претседателство со сите забелеѓки кои „ги содржат позициите и ставовите на Северна Македонија“.