На барање на премиерот Димитар Ковачевски утре во 15 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи средба меѓу Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На средбата се очекува да се разговара за францускиот предлог.
Претходно пропаднаа сите обиди за средба оти Ковачевски рече дека тие биле условувани со предвремени парламентарни избори.