Македонија

Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ официјално “раскинуваат” во понеделник

Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ официјално “раскинуваат” во понеделник

Во понеделник се очекува Алијанса за Албанците да донесе одлука за официјално раскинувње на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, со поднесување оставки од сите функција во локалната власт во Скопје.

Извори на Алсат од Алијанса информираат дека ставот за оставките ќе биде донесен едногласно. Заминувањето на советникот на Алијанса од коалицијата во Градот Скопје, сепак не го загрозува мнозинството на градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, кои досега уживаа мнозинство од 24 од вкупно 45 советници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни