По 17 часовна потрага, пронајдено е 30-годишното момче кое вчера заедно со уште двајца пријатели, сите државјани на Македонија, исчезнаа во водите на Халкидики, кај местото Посиди, на првиот крак Касандра.
Крајбрежната стража, хелокоптер и неколку приватни бродови ја продолжуваат спасувачката мисија по третото исчезнато лице.
Тројцата пријатели од Македонија, по роденденска забава, вчера околу 18 часот влегле да се капат кај Посиди по што биле прогласени за исчезнати.
Морската струја и брановите веднаш ги однела во длабочина. Неколку часа подоцна било пронајдено 25-годишно момче, а претпладнево и второто лице. Двајцата се надвор од животна опасност.
30 – годишникот бил забележан од товарен брод кој под знамето на Гибралтар пловел југозападно од Касандра.