Во Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе се одржи општа седница, на која ќе бидат разгледани и иницијативите за истрагите на СЈО, поднесени од адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов.
-Поради зголемениот интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.83/18), Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на општа седница, да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења, се вели во соопштението на Врховниот суд.
Адвокатите поднесоа иницијативи во врска со прашањето дали Специјалното јавно обвинителство може да отвора истраги и да поведува обвиненија со оглед на тоа што во членот 22 од Законот за СЈО. Таму стои дека дека јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.