Македонија

Спасовски: Животот на Мицкоски не е загрозен – не треба да се прави фама, тоа е собирање политички поени

Спасовски: Животот на Мицкоски не е загрозен – не треба да се прави фама, тоа е собирање политички поени

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово во летното издание на „Click21“ на ТВ21 рече дека животот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не е загрозен и порача да не се прави фама за собирање на политички поени.

„Тоа не е точно. Знам дека е добро за политичката активност меѓуто, апсолутно ниту бил загрозен ниту, ние имавме неколку месеци претходно правено безбедносна проценка односно не ние туку Агенцијата за национална безбедност која што укажа на тоа дека немаме загрозеност ниту пак ова дејствие било насочено кон лидерот на опозицијата. Така да, не треба воопшто да правиме фама, јас знам дека можеби тоа е добро во однос на одредени политички поени, ама знаете политчки поени на грбот на граѓаните на грбот на безбедноста не е воопшто добро“, рече Спасовски во гостување на ТВ21.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни