Македонија

Димовски: Ако прифатиш дека Гоце Делчев е Бугарин ќе нема вето, ако не прифатиш ќе има вето

Димовски: Ако прифатиш дека Гоце Делчев е Бугарин ќе нема вето, ако не прифатиш ќе има вето
Поранешниот пратеник Илија Димовски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 посочи дека доколку прифатиме дека револуционерот Гоце Делчев е Бугарин, ќе нема вето, додека пак доколку не го прифатиме тоа ќе има вето. „Па ние спориме со историската вистина за Хан Аспарух, за Цар Борис, Цар Симеон или второто бугарско царство на Асеновците од Романија?. Не држи место тука тврдењето дека некаков реципроцитет, напротив нити имаме вето ниту нешто спориме. Целата работа ќе биде базирана со морков и стап: Ако прифатиш дека Гоце Делчев е Бугарин нема да има вето за 12-то поглавје, а ако не прифатиш ќе има вето“, вели Димовски.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни